Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Фетел започнува од нула во 2012
28.12.2011

Иако доминираше изминатите две сезони, поразувајќи ги и понижувајќи ги сите свои конкуренти, Фетел не верува дека и наредната сезона ќе биде така лесна како оваа, додавајќи дека...

vettel-celeb-1-2011-1

во 2012 ќе започне од нула.

Фетел на четири трки пред крајот на сезоната ја обезбеди својата втора шампионска титула, што јасно покажува за неговата доминација изминатата сезона. Во пресрет на зимските тестирања кои започнуваат за нешто повеќе од еден месец, Германецот не верува дека доминацијата од оваа сезона ќе се преточи и во наредната.

„Започнуваме од нула и сите имаме исти шанси за титулата од февруари,“ - истакна двократниот светски шампион. „Среќни сме со нашиот перформанс од оваа сезона и доколку успееме да се доближиме до истиот и наредната сезона тоа би било фантастично.“

„Новиот болид? Тој е како мало бебе кое што се родило. Јас не сум таткото, но така ми кажуваат дека се чувствува.“

Толку млад, а веќе двократен светски шампион. Дури и самиот неколку пати потенцираше дека не сака да мисли на рекордите кои што треба да ги собори, но денес додаде дека е почестен од друштвото во кое се наоѓа со двете шампионски круни.

„Се обидувам постојано да не мислам на рекордите, но кога ќе видам во какво друштво сум со моите две титули... Тешко е да го опишам тоа чувство со зборови.“ - заврши Фетел.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook