Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
FIA ги потврди новите мотори
01.07.2011

Светската федерација на автомобилски клубови FIA преку соопштение потврди дека од сезоната 2014 година, во употреба „влегуваат“ новите 1.6 V6 турбо мотори, за кои претходно се крена огромна прашина.

fia-logo-4-1-2011-1

Производителите во Ф1, во прв ред Ferrari и Mercedes, со поддршка од Cosworth, беа категорично против првичните 1.6 V4 турбо мотори, за кои поддршка се доби само од Renault. Но откако тимовите, заедно со FIA ги „испеглаа“ разликите, се донесе заедничко решение бројот на цилиндри да се зголеми за два, а нивното влегување во Ф1 да се одложи за година подоцна.

Зад новите мотори и нивниот временски рок на стапување во употреба се согласни сите тимови, со поддршка од менаџментот на Ф1 како и FIA.

„По факс гласањето, сите членови на светскиот совет за мотоспорт ги ратификуваа новите правила во однос на агрегатите, во заедничка согласност со Ф1 учесниците,“ - гласи соопштението на FIA. „Новите агрегати ќе бидат со 1600 кубни сантиметри зафатнина, со шест цилиндри, придружени со турбо полначи и KERS систем.“

„Во употреба влегуваат заклучно со почетокот на сезоната во 2014 година.“

Според официјалната Ф1 веб страница, новите мотори ќе бидат речиси исто моќни колку сегашните V8-ки. Сепак, сеуште нема информации за максималниот број на вртежи во минута, но според изјавата на Адријан Њуи, истите ќе бидат помеѓу 14 и 16 000.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook