Get Adobe Flash player
FIA го враќа системот „Победникот носи се”
05.05.2009
fia-logo-1.jpgКонтроверзниот нов систем на бодување популарно наречен Победникот носи се кој беше отфрлен за актуелната сезона според Светскиот совет за мотоспорт на FIA ќе биде воведен во 2010.

FIA се обиде да го протне овој систем на бодување, предложен од Берни Еклстоун уште годинава, но беше едногласно отфрлен од асоцијацијата на тимовите во Формула 1, FOTA.

Уште во март FIA најави дека пред да го имплементира ова ново правило ќе ги консултира тимовите, но новите спортски правила кои се изгласани за 2010 од страна на Светскиот совет за мотоспорт веќе го содржат системот на бодување Победникот носи се.

Членот 6 од новите спортски правила вели: „За шампион меѓу возачите ќе биде прогласен возачот кој има најмногу први места во текот на сезоната.”

Интересно е што одлуката на Светскиот совет за мотоспорт на FIA дека ова правило ќе биде имплементирано од 2010 сеуште не им запнала за око на медиумите ширум светот, пред се, бидејќи самата одлука во новиот правилник не е подвлечена со розово како останатите новини во правилникот.

Но, бурни реакции се очекуваат наскоро. Секако се очекува и реакцијата од страна на тимовите кои ќе треба да го прифатат „Победникот носи се” и следната година да се натпреваруваат според него.

 

 

 

Facebook