Get Adobe Flash player
FIA го замрзна развојот на мотори
10.12.2007
f1-engine-ban-2017.jpgСветскиот совет за мотоспорт на FIA по неколку месечно разгледување во петокот на 7 декември ја верификуваше десет годишната забрана за развој на моторите во Формула 1 која стапува на сила веднаш.

Ова значи дека меѓу следната сезона и сезоната во 2017 секој тим ќе може да користи мотори конструирани и направени според спецификацијата од годинешната сезона. А секој тим е здолжен да ја достави спецификацијата за своите мотори до FIA не подоцна од 31 март 2008.

На третиот годишен Бизнис форум за мотоспорт во Монако кој се одржа минатата седмица. Претседателот на FIA, Макс Мозли ја објаснуваше одлуката за замрзнување на развојот на моторите во Формула 1.

„Нема потреба развојот на моторите во Формула 1 да оди понатаму. Моторите вртат до 19.000 вртежи во минута што е побрзо од било кој друг мотор во сверата на мотоспортот. Звучи добро, издржлив е и што е уште подобро, воедно и неверојатно, моторите на дури шест производители имаат безмалку исти перформанси,” констатираше  Мозли во својот говор.

FIA воедно забрани употреба на повеќе воздушни тунели за еден тим. Од 2008 па натаму секој тим има право на користење само еден воздушен тунел, која пак несмее да работи 24 часа на ден како до сега.

Исто така на ред е и ограничувањето на бројот на персоналот што секој тим ќе може да го ангажира на трка.

 

 

 

Facebook