|
FIA испрати соопштение до сите тимови во Ф1, со кое најави дека е забрането мапирањето на моторот по завршувањето на квалификациите почнувајќи од Валенсија, нешто што беше практика досега.

Забраната на мапирањето на моторите следува од трката во Силвестоун за дваесеттина дена, но со оваа одлука FIA очигледно е дека се обидува да го подготви теренот. Според многумина, големите тимови, пред се Red Bull, ќе бидат најмногу погодени од ваквиот развој на настаните во продолжението од сезоната, бидејќи шпекулациите говорат дека токму мапирањето на моторот е тајното оружје на „биковите“ на квалификациите изминатите сезони.
Како резултат на тоа, FIA денес испрати соопштение до сите тимови со кое ги информираше дека ќе бидат забранети секакви модификации и мапирања на моторите, по завршувањето на квалификациите. Ваквата одлука на FIA стапува на сила веќе од овој викенд во Валенсија.
Со ваквата одлука на FIA, се очекува многу понеизвесни квалификации и секако, големо намалување на предноста на Red Bull.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|