Get Adobe Flash player
FIA мака мачи со моторите во Ф1
10.06.2008
formula-1-motor-toyota-1.jpgИзвори во FIA велат дека светската автомобилистичка федерација е во потрага по нови начини за да ги изедначи перформансите на моторите во Формула 1.

FIA веќе го ограничи максималниот број на вртежи на 19.000 врт/мин и донесе одлука за замрзнување на развојот на моторите што автоматски значи дека перформансите на болидите би требало да останат несменети во следните неколку години.

Но, дури и од авион се забележува дека тоа не е така и дека очигледно има дупки во востановените правила. Проблемот е во тоа што дел од тимовите и покрај имплементирањето на правилата за штедење сеуште имаат значителна предност во однос на останатите.

Сигурни сме дека во Ferrari, Mercedes и BMW добро се подготвиле за замрзнување на развојот и нивните мотори се далеку подобри и помоќни од оние на останатите тимови, како што се Renault, Toyota, Honda…

Токму поради тоа FIA се подготвува да воведе правило за контрола на ECU, односно за поставување на лимитатор на перформансите на моторот што би требало да се случи од 2009.

Но, прашање е дали и ова ќе функционира бидејќи моторот носи само дел од улогата во градење на перформансите на болидот, тука е аеродинамиката, шасијата, суспензијата, сопирачките... Да не го забораваме и возачот.

Па така и покрај огромните напори што FIA ги вложува сеуште ќе има подобри и полоши тимови и истото може да се адресира до некаква природна селекција што е и нормално.

На крајот секогаш ќе има победници и губитници.

 

 

 

Facebook