Get Adobe Flash player
FIA може да не ги врати сликовите
15.12.2007
mclaren-f1-car-kimi.jpgВраќањето на слик гумите во 2009 не е запечатена работа. Колку и да го посакуваат тоа тимовите, претседателот на FIA, Макс Мозли предупреди дека постои веројатност планот да не се оствари.

Факт е дека Bridegstone обезбеди слик гуми кои се сеуште во фаза на развој за тимовите да можат да експериментираат на последниот тест на патеката во Херез.

Планот е сегашните жлебени гуми кои беа воведени во 1998 со цел да се намалат брзините во свијоци, да се заменат со сликови во 2009, но само во симбиоза со новите правила за аеродинамика со ккои би требало потисокот кон подлогата или downforce да се намали за 50 проценти.

Но, доколку измените во аеродинамиката не ја смалат брзината во свијоци како што е планирано, тогаш сликовите повторно отпаѓаат од игра. „Теоријата вели дека помалку downforce, а повеќе триење би требало да овозможат полесно престигнување и автоматски подобро тркање,” вели Мозли.

„Но, доколку утврдиме дека ветеното смалување на потисокот не се случи и брзините во свијоци отидат угоре веднаш ги враќаме жлебените гуми во игра,” додава Мозли.

 

 

 

Facebook