FIA го дополнува списокот со нови предлози за измени на
техничките регулативи за Формула 1 кои таа би сакала да бидат имплементирани до
2011.
Измените како што објавивме порано се дел од
иницијативата на FIA, Формула 1 да стане еколошки настроена, евтина и важна
за иднината на автомобилизмот воопшто.
За таа цел FIA објави нов
документ како дополнување на претходниот пред подготовките за завршните
преговори со тимовите кои треба да се случат во септември.
Измените се однесуваат и на шасијата и на моторите но од
пртеходните најави за 2.2 литарски V6 се чини дека нема
ништо бидејќи FIA сега сака да се користат адаптирани верзии на постоечки
четирицилиндерци со зафатнина меѓи 1.3 и 1.5 литри.
За да се задржи компетитивноста нема да има рестриктори
на турбополначот и ограничување на вртежите, а задолжителен ќе биде системот KERS за
зачувување и враќање на кинетичката енергија.
Причина за ваквите измени е планот за намалување на
трошоците со помош на користење на стандардизирани компоненти од кои повеќето
веќе се наоѓаат во производство.
Но, без рестрикции развојот на моторите и потрагата по
што повеќе коњски сили повторно ќе ја вивне цената на чинење на Формула 1 до
небо. Поради ова предлозите на FIA стануваат се почудни и почудни.
Ова сигурно не е насока во која би сакале да се движи
развојот на Формула 1, затоа се надеваме дека прифатените измени за разлика од
предлозите нема да бидат олку екстремни.
|