Недоамна најавеното замрзнување за развојот на мотори е
само старт на целата палета на забрани што ја планира FIA за Формула
1, а се со цел драстично снижување на трошоците.
Светскиот совет за мотоспорт на FIA веќе донесе
одлука за скартување на бројот на опити во аеродинамичен тунел на само 15
испитувања во текот на еден работен ден од 8 часа.
Останатите забрани ќе се однесуваат на дизајнот и
конструкцијата на болдите, процесот на производство, тестирање на опремата, суспензија,
сопирачки, и развој на хидраулични системи, распределба на тежината, тестирање
на патека и ограничување на бројот на персоналот што може да работи на трка.
Целта на сето ова е да се направат мали, но ефикасни
тимови со што е можно поеднакви можности во смисол на потребниот буџет, кој би
требало барем теоретски да им ги изедначи и способностите на патека што би
требало да ги направи трките многу поинтересни.
Според инженерите од сите воведени забрани и лимити,
ограниченото тестирање во аеродинамичен тунел е најлошо. Новите правила исто
така наведуваат дека во аеродинамичен тунел може да се испитува само на модел
што е 60 проценти помал од болидот во оригинална аголемина.
Тестирањето на аеродинамиката на болид во реална
димензија е дозволено само на тркачка патека и тоа само 5 дена во годината.
|