Get Adobe Flash player

Формула 1 заработува 217 милиони долари по трка
20.03.2008
formula-1-pit-stop-1.jpgОвој податок ја поставува Формула 1 веднаш зад американската NFL, National Football League, но пред Premier League во Англија во класификација на спортови со најголема заработка.

Откако се објави податокот дека Формула 1 заработува по 217 милиони долари по трка следствено се подигна и рејтингот на Берни Еклстоун во класификацијата на најбогати луѓе во Велика Британија.

Целата оваа огромна заработка се должи на продажбата на билети, спонзорства, такси за учество и телевизиски права.

Податоците се објавени од страна на консултантската агенција Deloitte која го спрoвела истражувањето во кое стои дека минатата сезона Формула 1 ја завршила со добивка од 3,9 милијарди долари.

Понатаму во Deloitte велат дека се очекува уште поголем раст на заработката на Формула 1 поради проширувањето во држави како Индија и Русија, но и поради одржувањето на ноќни трки што стартуваат уште годинава.

 
Get Adobe Flash player