Get Adobe Flash player
FOTA си оди од F1 во 2010
19.06.2009
f1-start-trka-1.jpgВчера вечер во Силверстон се состанаа шефовите на FOTA - асоцијацијата на тимовите во Формула 1 и по четири часовна жолчна дебата, врвното тело на F1 тимовите излезе со следното известување.

Осумте тимови на FOTA се согласија да го потврдат своето учество во Формула 1 во 2010, но исто така најави дека барањата на повеќето тимови се игнорирани од страна на FIA и од страна на Берни Екслстоун управувачот со комерцијалните права на Формула 1.

Тие истакнаа дека не се спремни на компромис кога станува збор за фундаменталните вредности на Формула 1 и дека ќе побараат дополнителни услови кои се однесуваат на спортските и техничките правила за следната сезона.

Понатаму тимовите го предупредуваат носителот на комерцијалните права на F1 дека им должи десетици милиони долари кои се задржувани од 2006.

Но, место да се расправаат од FOTA потврдуваат дека ќе започнат со подготовки за нов Шампионат кого го опишуваат како рефлексија на барањата на своите партнери и соработници.

Оваа нова серија ќе има транспарентно управно тело, дефинирани правила создадени да го поддржуваат спортот и да ги охрабрат учесниците. Воедно управното тело ќе биде обврзано да ги слуша и следи барањата на публиката и љубителите на спортот.

На тој начин ќе се формираат поприфатливи цени за билети за следење на трките со што ќе се зголеми посетеноста на настаните, директно ќе се зголеми гледаноста која на крај ќе ги направи позадоволни и партнерите и соработниците на тимовите.

И што е најважно во новиот Шампионат ќе се преселат сите марки, возачи, тимови, спонзори, промотери и компании кои историски се поврзани со врвниот автомобилски спорт.

Што се однесува до сезоната 2010, FOTA бара продолжување на периодот за пријавување на тимовите до 1 јули и воедно истакнува дека во прелиминарниот список на пријавени тимови сеуште отсуствуваат McLaren, BMW, Renault, Toyota и Brawn.

Додека тимовите на Ferrari и на Red Bull одговорија дека ќе учествуваат во сезоната 2010 и покрај несогласувањата со актуелните правила на FIA.

 

 

 

Facebook