Get Adobe Flash player
Германија ја бојкотира FIA
05.06.2008
adac-logo-1.jpgПоследиците од изгласувањето доверба на Мозли на вонредното собрание на FIA почнуваат да се чувствуваат. Германскиот ADAC веќе најави бојкот, а можно е истото да го направи и САД.

Најголемиот автомобилски клуб во Европа, ADAC Allgemeiner Deutscher Automobil Club или сенароден германски автомобилски клуб најави дека во знак на протест ќе ја бојкотира FIA.

На исходот од гласањето на FIA, ADAC гледа со „жалење и недоверба во светското автомобилистичко тело кое поддржува учесник во еден ваков скандал”.

„Ова е причината зошто најголемиот автомобилски клуб во Европа во моментов ќе ги замрзне своите операции во работните групи на FIA на светско ниво,” се вели во изјавата.

ADAC нема да ја смени одлуката се додека Макс Мозли е претседател на FIA.”

ADAC не е единствен во своите размислувања. Американскиот автомбилски клуб или AAA America’s automobile association, поточно неговиот претставник во FIA, Роберт Дарбелнет изјави дека и тие размислуваат да му се придружат ADAC во протестот против FIA.

Дали ова значи дека гласачкото тело на Мозли ќе попушти во обид да се сочува унитарноста на FIA или пак тврдоглаво ќе остане на својата одлука и ќе дозволи евентуално губење на членовите останува да видиме.

Сепак, едно е сигурно браната попушти со бојкотот на ADAC и лесно може да се случи и останатите големи и моќни автомобилски клубови еден по еден да почнат да ја бојкотираат FIA.

Постои некоја мистична поврзаност на претседателите на FIA со нацизмот.

Да се потсетиме на Жан-Мари Балестре за кого исто така се дозна дека бил член на француската нацистичка воена организација SS - Schutzstaffel или заштитинички одред, а потоа се бранеше дека работел како таен агент во служба на францускиот отпор против фашизмот.

Балестре беше претседател на FIA од 1986 до 1993 кога во изборите изгуби од Мозли.

 

 

 

Facebook