Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Глок е исто толку добар како и Фетел
05.12.2011

Разликата помеѓу Глок и Фетел е само во болидите, вели Германецот кој е дел од тимот на Virgin, а истото ќе го докаже на „Трката на шампионите“ која што ќе се одржи овој викенд во Дизелдорф.

glock-paddock-1-2011-1

По напуштањето на Toyota од Ф1, Глок премина во Virgin, каде што сеуште нема забележано поени. Последниот пат кога Германецот стигнал до поени е трката во Сингапур во 2009, каде што заврши како втор, но иако се наоѓа на „опашката“ од поредокот, тој не мисли дека Фетел е подобар возач од него.

Запрашан дали е мотивиран да го победи Фетел викендов во Дизелдорф, Глок одговори: „Многу. Знам дека сум исто толку добар како Фетел. Доколку и јас бев во Red Bull, одлучувачка ќе беше само формата. Поради тоа многу сум љубопитен да видам каков ќе биде исходот од Дизелдорф.“

Глок ќе биде дел од Ф1 друштвото и наредната сезона, заедно со Чарлс Пик кој ќе биде неговиот нов тимски колега.

Во продолжение, Германецот се наврати на неговите денови во јапонскиот тим и пронаоѓањето на мотивација да се продолжи иако се бори за повисока позиција со третолигашите.

„Смешна е ситуацијата во која се наоѓам. Неодамна ми се јави еден механичар од мојот поранешен тим и ме запраша како останувам мотивиран кога до пред две сезони се боревме за подиум, а сега за 20-тото место,“ - продолжи Глок. „Одговорот е едноставен, јас секогаш сум мотивиран кога седнувам во болидот, иако во повеќето трки овие две сезони знаеме дека ништо не можеме да направиме.“

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook