Единствената трка во Формула 1 на Северно американскиот
континент, Гранпри на Канада, која се вози на патеката Жил Вилнев во Монтреал е
иcфрлена од календарот за 2009.
По состанокот на Светскиот совет за мотоспорт кој се
одржа минатата недела управувачкото тело на FIA го објави
календарот за следната сезоната во Формула 1 во кој се наоѓаат 18 трки и каде
на местото од ГП Канада која се одржува на 7 јуни стои ГП Турција.
Со преместувањето на ГП Турција од 9 август на 7 јуни се
отвара празен простор од четири седмици меѓу ГП Унгарија која се одржува на 26
јули и Европското гранпри кое се вози на 23 август.
Ова е првпат од 1987, Големата награда на Канада да не
биде дел од календарот на Формула 1. Настанот првпат се одржа во 1967, a пред 21 година и беше
отстранета од календарот поради непостигнување на
договор околу спонзортвото.
Иако Светскиот совет за мотоспорт не објавува зошто ГП
Канада е отфрлена од календарот на Ф1 се претпоставува дека повторно пречката е
непостигнување на договор меѓу раководното тело на патеката Жил Вилнев и
носителот на комeрцијалните права на Формула 1.
Но ова се засега се само пртпоставки и се очекува
раководното тело на патеката Жил Вилнев и официјалните лица на Големата награда
на Канада да издадат соопштение.
По објавувањето на календарот од страна на FIA,
американците побрзаа да се израдуваат надевајќи се дека Формула 1 повторно ќе
се врати на патеката во Индијанаполис, но се чини изјавата на Берни Еклстоун во која вели дека
тој е повеќе заинтересиран за новите пазари со голем потенцијал малку ги олади.
Покрај отфрлањето на ГП Канада од календарот уште една
новина произлезе од состанокот на Светскиот совет за мотоспорт. Имено донесена
е одлука да им се дозволи на сите тимови во големиот циркус да ја изедначат моќноста
на моторите во 2009 пред воведувањето на драстичните мерки за кратење на
трошоците кои стартуваат од 2010.
Воедно на претседателот на FIA, Макс Мозли
му е дадено овластување да преговара со асоцијата на тимовите во Формула 1, FOTA заради
воведувањето на радикалните мерки со кои би се постигнала голема редукција на
трошоците во шампионатот на Формула 1 во 2010.
Ревидираниот календар за сезоната 2009 во Формула 1 е
следен:
29 март – Австралија
5 април – Малезија
19 април – Бахреин
10 мај – Шпанија
24 мај – Монако
7 јуни – Турција
21 јуни – Велика Британија
28 јуни – Франција
12 јули – Германија
26 јули – Унгарија
23 август – Европа (Валенсија)
30 август – Белгија
13 септември – Италија
27 септември – Сингапур
11 октомври – Јапонија
18 октомври – Кина
1 ноември – Бразил
15 ноември – Абу Даби
|