Берни Еклстоун е одлучен во намерата да ја избрише
Австралија од календарот на Формула 1. Целта е да се направи место за гранпри
трка во Русија и изградба на потполно нова патека.
Целата мешаница настана откако одговорните луѓе на ГН на
Австралија одлучија да и се спротивстават на идејата на Екслтоун за ноќна трка
која би се одржувала по 2010. Еклстоун не ја прими оваа вест најдобро и веднаш
одлучи да отпатува во Петерсбур за да разговара за одржување на трка во Русија
во 2010.
Средбата меѓу гувернерот на Петерсбург и Еклстоун би
требала да се одржи во текот на работната седмица, а се очекува на средбата да
присуствува и рускиот претседател Владимир Путин на која ќе
стане збор за изградба на сосем нова патека за потребите на ГП Русија.
„Сеуште нема никакви договори,” изјави Еклстоун. „Но, ова
би можело да биде интересен развој на настаните за иднината на спортот. Ние би
ги сместиле во календарот што е можно побрзо, но сепак, се зависи од нив. Се се
сведува на колку време им е потребно да изградат патека.”
Што се однесува до трката за Големата награда на
Австралија, Еклстоун потврдува дека нивниот договор истекува во 2010 и дека
сеуште не станало збор за продолжување на договорот до 2015. Но, заканата од
Екслтоун „Или ќе има ноќна трка или нема договор” останува.
Збиднувањата одат во прилог на Русија, но евентуалнa трка
за Голема награда на Русија сеуште стои под голем знак прашалник.
|