Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Грожан го менува Кубица во 2012?
07.11.2011

Враќањето на Полјакот во болидот на Lotus Renault наредната сезона е сеуште неизвесно, но Французите веќе започнаа со кроење на планови доколку Кубица не успеа да се опорави за стартот…

grosjean-2011-1-2011-1

на новата сезона. Според германските специјализирани Ф1 медиуми, Ерик Булие го подготвува Роман Грожан за првотимска позиција заедно со Витали Петров во 2012.

Тимот од Енстоун најави дека GP2 шампионот ќе вози на петочните тренинзи во Абу Даби и Бразил, со што дополнително се засилија шпекулациите дека Французинот од наредната сезона ќе добие постојано возачко место во тимот.

„Не чувствувам голем притисок,“ - истакна шампионот од GP2 за кого ова ќе биде камбек во Ф1 по дебито во 2009 година. „Место во тимот наредната сезона? Мислам дека сеуште е рано да се каже нешто околу тоа, бидејќи Роберт е клучот за расплетот на настаните. Сите ние му посакуваме успешна рехабилитација.“

Според француската „ТФ1“, Роберт Кубица би можел да се врати во болидот на Lotus Renault откако ќе започне наредната сезона, а тоа ги приморува Французите да размислуваат на алтернативно решение.

„Ги разгледуваме другите опции бидејќи сеуште не знаеме ништо околу идната состојба на Роберт Кубица,“ - најави Булие. „Не очекувам деновиве да дознаеме кога би можел Роберт да започне со тестовите во болидот. Знаеме дека тој сеуште не е подготвен, но нашиот болид од 2009 е подготвен во гаражата и го чека него.“

„Бруно Сена? Тој е уште еден кандидат за место во болидот за 2012.“ - заврши тимскиот шеф на Lotus Renault, кој од наредната сезона ќе го изостави Renault од своето име.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook