Додека трае летната пауза и возачите од големиот циркус
се на одмор активноста зад сцената и во кулоарите на Формула 1 не стивнува и на
повидок е еден интересен трансфер.
Секако доколку се оствари. Honda одлучила да ги плати возачките
услуги на Фернандо Алонсо за 2009 и е подготвена да исплати 10 милиони евра за финиширање
на договорот.
Докoлку Алонсо се согласи од тимот ќе се замине Рубенс
Барикело, а Шпанецот ќе застане рамо до рамо со Џенсон Батон. Шефот на тимот на Honda, Рос Браун,
верува дека Алонсо ќе го препороди тимот и ќе биде главниот двигател за
постигнување на поголем успех во 2009.
Во едно свое интервју Браун истакнува: „Од сите
возачи во Формула 1 кои се активни и возат во шампионатот, според мене, Алонсо
е единствениот комплетно изграден возач, на начин како што тоа беше Михаел
Шумахер.”
Сепак, станува збор за договор од една година, бидејќи
Алонсо веќе најави дека сака место во Ferrari во 2010 како
замена за Кими Раиконен, чив договор завршува на крајот од сезоната 2009.
Гласинити за враќање на Алонсо во McLaren се отфрлаат
целосно бидејќи тимот најави дека победникот на ГП на Унгарија, Хеики
Ковалаинен останува во седиштето како партнер на Луис Хамилтон.
|