Get Adobe Flash player
Honda вовлечена во шпијунската сага
09.07.2007
honda-f1Третиот тим што е вовлечен во шпијунската афера на Ferrari и McLaren е Honda. Има нови докази дека Степни нудел технички податоци и на своите колеги од јапонскиот тим, но тие го одбиле.

Згора на тоа Степни и неговиот колега од McLaren, Мајк Куглан планирале да пребегаат во Honda. Се очекувало техничкиот директор на Honda, Ник Фрај да ја објавии оваа вест пред стартот на трката во Силверстон.

Степни и Коуглан се обидувале да соберат што повеќе информации и да врбуваат што повеќе инженери за пребег во Honda која иако во моментов се мачи во Ф1, сепак нуди добра заработувачка.

Исто така се спомнува дека менаџерот на McLaren, Џонатан Нил се обидел да ја спречи аферата да експлодира молејќи го Куглан да ги уништи украдените информации од Ferrari.

 

 

 

Facebook