|
05.12.2008 |
Honda се повлекува од учество во Формула 1 поради финансиската
криза која го зафати светот. Соопшетнието е објавено денес на прес конференција
во Токио.
„Ова е една од најтешките одлуки за нас, но бевме
принудени да ја донесеме поради ситуацијата која владее во светот на
автомобилизмот, а е провоцирана од светската финансиска криза која започна во
САД и ја зафати целата светска економија,” изјави претседателот на Honda
Motor, Такео Фукуи.
Ова е втор пат како Honda ја напушта
Формула 1. Јапонскиот производител прв пат се приклучи на Светскиот шампионат
во Формула 1 во далечната 1964.
Четири години подоцна, во 1968 Honda го напушти
шампионатот. Се врати на Формула 1 дури во 2006 по пауза од безмалку 40
години.
Секако знаеме дека во периодоат на оваа пауза Honda индиректно
беше дел од Формула 1 испорачувајќи мотори на тимовите на Williams
и на McLaren во 80. и 90. години на ХХ век со кои овие два тима
освоија полно на шампионски титули.
|