|
28.11.2007 |
Германската компанија за развој и производство на
спортски автомобили HWA ги отфрли гласините дека има намера да влезе во Формула
1 како партнер на Mercedes во 2009.
Демантот дојде по најавата дека HWA која од
2000 ги подготвува болидите на Mercedes за во DTM ќе влезе во Формула 1 за да формира нов тим со Mercedes.
Причина за ваквите гласини воедно беше и купувањето на 25
проценти од акциите од страна на арапската фирма NBK за која се
претпоставуваше дека дополнително ќе инвестира за влез во Ф1.
Извршниот директор на HWA,
Ханс-Јурген Матхајс беше дециден во својата изјава поповод влегувањето на
компанијата во Ф1: „Нема ништо од тоа. Сето ова е чиста шпекулација.”
Матхајс додаде дека во моментов во HWA не постои
амбиција за влез во големиот циркус.
|