Get Adobe Flash player
HWA влегува во Ф1 со Mercedes
27.11.2007
mercedes-clk-gtr-front.jpgПостои голема веројатност HWA да влезе во Формула 1 во 2009. HWA ги прави болидите на Mercedes за DTM и би трбало да влезе во игра во сегашното партнерство меѓу Mercedes и McLaren.

Веќе пишувавме дека и покрај соработката на Mercedes со McLaren за изработка на сегашниот суперавтомобилот SLR, Мercedes ќе ги здружи силите со HWA за развој и производство на наследникот на SLR.

Интересно е што HWA ја води поранешниот извршен директор на Mercedes, Јурген Хуберт, факт што пали искра на шпекулации дека најголемиот акционер во империјата на Рон Денис можеби бара начин да ги потсече и последните британски елементи во тимот на Формула 1.

 

 

 

Facebook