|
Неодамна, Renault потврди дека новиот V6 мотор кој на сила стапува во 2014 ќе биде тестиран наредната година, а по нивните стапки ќе тргне и Ferrari. Така пренесува италијанскиот „Газета дела спорт“,...

според кои првите тестирањата на новиот агрегат ќе бидат направени наредното лето.
Моменталните „замрзнати“ 2.4 литарски V8 мотори ќе се наоѓаат под поклопецот на болидите уште две години, се до 2014 кога доаѓаат новите еко 1.6 - литарски турбо мотори. Конкурентите на Ferrari на тоа поле, Mercedes и Renault, според сите најави веќе започнале да работат на 2014, а првите вртежи на новите мотори ќе бидат направени наредната година.
Исто така, се шпекулира за можна соработка на Ferrari и Fiat кога се во прашање новите мотори. Италијанците во своите планови ја имаат MultiАir технологијата на Fiat, која заедно со турбо полначите би бил „полн погодок“ во 2014 година. Покрај перфектното сетирање на моторот, оваа технолгоија исто така нуди и помала потрошувачка на гориво.
Во меѓувреме, Италијанците се повеќе притискаат Ф1 да се оддалечи од аеродинамичката независност, иако за сега, таквите иницијативи на проаѓаат кај FIA и Ф1 менаџментот.
„Ferrari произведува спортски автомобили, а не авиони или ракети,“ - нагласи Монтеземоло неодамна. „Производител како Ferrari треба да се трка користејќи ја својата технологија. Овој спорт треба да биде еден вид на лабараторија, каде што сите нови технологии ќе можат да се употребат и кај автомобилите.“
„Еднаш за секогаш да се остави маркетингот на страна за оние компании кои се тркаат за да се рекламираат.“ - прокоментира Монтеземоло мислејќи очигледно на Red Bull.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|