|
Мистериозното откажување на Фетел во Абу Даби добива разрешување од италијанскиот „Аутоспринт“. Познатиот италијанскиот магазин за мотоспорт посочува дека пукнатината на десниот заден пневматик...

поради што Германецот се изврте на свиокот број два, е предизвикана од ниско поставениот издувен систем.
Фетел и Red Bull и два дена по трката сеуште не излегле со изјава или соопштение за причината поради пукнатината на пневматикот. Германецот по трката изјави дека ништо невообичаено не направил во споредба со претходните трки, изразувајќи големо изненадување од таквиот проблем.
„Пневматикот не беше пукнат на ивичњакот или оштетен од подлогата,“ - потенцираат Италијанците од „Аутоспринт“. „Од некои причини, проблемот на Фетел се јави поради дефекти во процедурата при мапирањето на издувниот систем или некои други дефекти поврзани со фамозниот систем.“
Италијанците се сомневаат на преголемата температура која што го зафатила десниот пневматик, поврзана поради топлите гасови кои што излегуваат од издувниот систем.
Превземено од: pitstop.com.mk!
Она што е уште посимптоматично во целата ситуација е и изјавата на Фетел за германскиот „Експрес“, каде што објасни дека во последните три години ниту еден возач немал проблеми од ваков тип. Колку за потсетување, ниско поставените издувни системи и дифузери станаа „популарни“ во 2009 година.
|