Овогодинешната сезона само што заврши, но „домашната работа“ во пресрет на наредната сезона веќе е почната да се изготвува. 2012 не носи поголеми разлики во правилата во однос на...
2011, па од таму следуваат и големите сличности на болидите за наредната сезона.
Ferrari е тимот кој најави најагресивен пристап при дизајнирањето и развојот на новиот болид, наговестувајќи многу иновативни новини кои што Ф1 фановите за прв пат ќе ги видат во кралицата на мотоспортот. Потпомогнати од враќањето на Рори Брн во тимот, очекувањата кај фановите на Италијанците се огромни, по разочарувачката сезона во која што стигнаа само до една победа.
Еден од големите „очекувачи“ од техничкиот тим на Ferrari е и Џорџо Пиола, еден од најдобрите илустративни техничари во Ф1, кој преку видео го наговестува болидот на тимот од Маранело за наредната сезона. Од истото, забележлив е повисокиот нос на болидот, новиот издувен систем, како и видоизменетата задна суспензија.