|
Се чини како и на двајцата најпогодени возачи од расплетот на ситуацијата со Раиконен да им олесни, бидејќи и Бразилецот и Германецот се во битка за возачкото место во тимот на...

Сер Френк Вилијамс. Камбекот на Раиконен во Lotus Renault остава уште неколку возачки места сеуште непотврдени.
Веќе повеќе од извесно е дека Зутил ќе замине од Force India, препуштајќи му го местото на Нико Хулкенберг кој наредната сезона ќе добие првотимски статус. За разлика од него, местото на Барикело од Williams и понатаму е неизвесно, откако во трка за него се вклучија Зутил и Ботас, откако Раиконен отпадна од комбинација.
„Не ги читам весниците оваа недела, бидејќи во неа има толку шпекулации и измислици,“ - истакна Барикело. „Пред два дена, мојата сопруга ми се јави и ми кажа дека Раиконен преминал во Lotus Renault. Искрено, изненаден сум, а верувам дека не сум единствениот од таквиот потег на Раиконен.“
„Поради тоа мислам дека имам најголеми шанси за место во Williams, исто како и досега. Среќен сум од поддршката на моите колеги, особено од Маса, но јас сакам да бидам дел од Ф1 и наредната година, па поради тоа ќе го слушам само Шумахер.“ - шеговито прокоментира Барикело.
За разлика од неговиот директен конкурент, мислење за ангажманот на Раиконен во Lotus Renault на место Зутил, даде неговиот менаџер.
„Како што и претпоставував, така и се случи. Таквиот потег на Раиконен не не загрозува нас.“ - изјави Манфред Зимерман.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|