|
31.03.2008 |
Веќе е извесно дека Катар, под Бахреин и Абу Даби ќе биде
последниот од Арапксите Емирати што ќе здоми трка од Формула 1. За таа цел
патеката Лосаил ќе мора да претрпи одредени измени.
Оригинално патеката беше наменета за трките во Moto
GP, но претседателот на Федерацијата за мотоспорт на Катар најави дека
патеката ќе добие ново осветлување и ќе биде подготвена за одржување на ноќни
трки во Формула 1.
„Наскоро започнуваме со тендер за претсотечката работа на
патеката и откако ќе го избереме изведувачот работите на патеката ќе стартуваат
веднаш,” изјавил Калифа Ал-Атија за тамошниот Gulf Times.
Сепак, Емирот не сака да потврди кога Катар ќе влезе во
календарот на Формула 1.
„Со подобрувањето на условите на патеката, тимовите во
Формула 1 ќе можат тука да тестираат што е доволно за да се промовира Катар, но
и да се остварат значителни приходи,” заклучил Ал-Атија за крај.
|