Можно е Кими Раиконен да го напушти Ferrari на карјот
од сезоната. Ставен на маки тимот од Маранело веќе почна да бара наследник за
проблематичниот Финец.
Раиконен не успеа да го оправда угледот и статусот на
возач со најголема заработувачка во Формула 1, откако премина во Ferrari.
Финецот не само што се мачи за да одржи чекор со Фелипе
Маса, туку раководството на Ferrari е загрижено за неможноста на Кими да се фокусира на
работата и за почетничките грешки. Како што е навремениот старт.
Гласините велат дека штотуку пензионираниот Михаел
Шумахер се враќа во Ferrari, но тоа е само желба на германските фанови. Поверојатна е
комбинацијата со Алонсо кој во моментов е незадоволен од односите во McLaren
или пак Нико Розберг кој прави чуда во Williams.
Раиконен нема да остане без работа бидејќи око му фрлиле
во Toyota како замена за Ралф Шумахер од следната сезона па
понатаму.
Ferrari во моментов се наоѓа под голем притисок од страна на
италијанските медиуми кои настапот во Северна Америка го крстија „Тотален
колапс за коњот што се шепури”.
Воедно изложија дека надежите за Раиконен како вистински
наследник на Михаел Шумахер бледнеат.
Факт е дека освен во Австралија, Кими ниту еднаш не
брилиирал во Ferrari.
|