Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Кими победи, Хамилтон во водство
02.07.2007
magny-coursЛуис Хамилтон го зголеми водството во генерален пласман и покрај тоа што заврши зад возачите на Ferrari, Фелипе Маса и Кими Раиконен на Големата награда на Франција.

Возачот на McLaren мина под чекираното знаме половина минута зад победникот Раиконен кој го престигна својот тимски другар Маса во вториот питстоп за време на сувиот дел од трката во Мањи Кур.

Тимскиот другар на Хамилтон, Алонсо се мачеше во текот на сите 70 круга заглавен во сообраќајот од зади и заврши седми со што се продлабочи дупката со водечкиот на 14 бода.

Победата на Раиконен стави крај на агинијата од три трки за Ferrari, а воедно ова е првото патување на финецот до највисокото скалило на подиумот од трката за ГН на Австралија.

На трката во Мањи Кур славеше и Џенсон Батон кој иако стигна осми го освои првиот бод за Honda годинава. 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook