Најголемата загатка околу трансакцијата на возачи би
требало да се разреши за една седмица. Најверојтно за 7 дена ќе биде познат
тимскиот другар на Хамилтон за 2008.
Според сегашниот тест возач во McLaren и
најголемиот кандидат за возачка позиција Педро де ла Роса, изборот е сведен на
два кандидати. Шпанецот е еден од нив. Но, Де ла Роса одбива да го наведе името
на другиот.
„Во моментов за возачка позиција се борат два кандидати,
претпоставувам дека за помалку од една седмица светот ќе дознае кој ќе го
придружува Хамилтон,” изјави Де ла Роса.
Се претпоставува дека вториот возач е Хеики Ковалаинен
кој го напушти тимот на Renault по завршувањето на дебитантската сезона годинава.
Извршниот директор на McLaren, Мартин Витмарш неодамна како солуција го спомна и името
на Гери Пафет, но оваа забелешка брзо падна во заборав.
Де ла Роса одби да одговори на прашањето колкави се
неговите шанси за возачката позиција и додаде: „Претпочитам
да бидам претпазлив и да не гајам илузии. На почетокот имаше многу кандидати, а
сега се двајца. Претпоставувам дека се ќе се знае следната седмица.”
„Минатата сезона со доаѓањето на Фернандо Алонсо бев
свесен дека да се има два шпански возачи во тимот ќе биде тешко, но сега
работите не стојат така,” го заврши Дела Роса своето излагање.
|