|
Дека Ф1 е најбогатиот спорт на планетата покажува и наградниот фонд кој што шампионите и останатите учесници го добиваат. Според последните дојави на неколку европски медиуми,...

конструкторската титула на Red Bull од оваа сезона им донела неколку десетици милиони евра.
Според германскиот „Спорт1“, конструкторската титула на тимот на Матешиц е наградена со 60 милиони евра. Бројката на Германците е шпекулативна, бидејќи според „Конкорд договорот“ помеѓу тимовите и FIA, наградниот фонд останува тајност, но ваквите шпекулации на германскиот медиум се темелат на инсајдерски информации во Ф1 падокот.
Доколку се прашувате колку би освоил второпласираниот McLaren, Марко Хелмут открива дека разликата помеѓу првиот и вториот во генералниот поредок е „приближно 10 милиони евра“.
Покрај „Спорт1“, шпанскиот дневен весник „Ел Паис“ открива дека шампионот во конструкторска конкуренција добива 72 милиони евра, додека второпласираниот дури 22 милиони евра помалку. Третиот според Шпанците заработува 36 милиони евра, а за секое место подолу наградниот фонд се намалува за неколку милиони.
„За помалите тимови, повисоко место во поредокот значи многу, бидејќи секое место до десеттото добива огромни парични средства како награда.“ - изјави Тони Чукерела, шпанскиот Ф1 инженер.
За тоа колку се милионите важни за Red Bull од секоја сезона, говори фактот што Адријан Њуи не допатува на трката во Кореја, подготвувајќи го болидот за наредната сезона. Истото беше потврдено и од тимскиот шеф, Кристијан Хорнер.
„Адријан е во Англија, работејќи на RB8.“ - потврди Британецот на чело на Red Bull.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|