Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Комисијата одобри промена на три имиња
09.11.2011

На состанокот на Ф1 комисијата во Женева, беше одобрено промена на три имиња на тимови за наредната сезона. По состанокот, се чини дека спорот со името Lotus е конечно решен,…

f1-logo-1-2011-1

откако тимот на Тони Фернандез ќе биде преименувам во Caterham, додека Lotus Renault ќе го „исфрли“ Renault од своето име.

По вториот состанок во Женева, инсајдерски извори потврдуваат дека Lotus Renault, Team Lotus и Virgin Racing имаат нови имиња. Во превод, ова значи дека од 2012, Lotus Renault ќе го носи името Lotus, Team Lotus ќе се преименува во Caterham, додека Virgin ќе биде заменето со Marussia Racing.

Промените на имињата мора да бидат одобрени и од светскиот совет за мотоспорт, но се чини дека истото е само чиста формалност. Пред се, тоа е така поради донесената одлука на комисијата, во која што членува и претседателот на FIA - Жан Тод.

Со ваквата одлука, конечно се става точка на спорот за името Lotus, бидејќи Тони Фернандез, по купувањето на автомобилската компанија Caterham, се одлучува да го преточи името на брендот во својот Ф1 тим.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook