Get Adobe Flash player
Ковалаинен вози за McLaren
15.12.2007
heikki-kovalainen-mclaren-2.jpgПо најавите дека за комплетирање на тимот треба време и дека одлуката ќе се знае дури идната седмица, McLaren пресече. Ковалаинен е возачот што ќе го придружува Хамилтон во 2008.

Финецот кој дебитираше во Формула 1 годинава на 26 годишна возраст ќе го замени, двократниот светски шампион во тимот на McLaren, исто како што го направи тоа во Renault, но сега има долгорочен договор. Се очекува првиоте тестирања во болидот на MacLaren да ги направи во јануари.

„Имавме неколку опции отворени пред нас и како и секогаш сакавме да се осигураме дека ќе ја имаме најкомпетитивната возачка постава и сметам дека Луис и Хеике се таа комбинација,” изјави извршниот директор на McLaren, Мартин Витмарш.

„Уверен сум дека ќе се борат еден со друг на патека и дека добро ќе соработуваат надвор од неа,” додава Витмарш. Воедно потврди дека Педро де ла Роса останува да биде тест возач во тимот, заедно со Гери Пафет кој ќе тестира по потреба.

Најдобриот резултат што го постигнал Ковалаинен во својата едно годишна кариера во Формула 1 е второто место на ГН на Јапонија кога заврши зад Хамилтон.

Се чини дека тимот на McLaren последнава деценија им е наклонет на возачите што доаѓаат од Финска. По Мика Хакинен, кој стана двократен светски шампион зад воланот на нивниот болид, и Кими Раиконен, Ковалаеинен ќе биде третиот финец во тимот од Вокинг.

„По годинешната сезона воопшто не постои сомнеж кај мене околу рамноправноста на возачите во тимот на McLaren и тоа ми се допаѓа,” изјави Ковалаинен кој пред неколку дена за првпат во својата возачка кариера ја посетил централата на тимот на McLaren.

Прашан дали смета дека може да ја освои шампионската титула следната сезона, Ковалаинен одговори: „Секој возач мора да ја стартува на трка и да ја започне сезоната со верување дека може да победи и да освои титула. Секако, сметам дека можам да станам шампион.”

 

 

 

Facebook