Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Кубица или Розберг опција за Ferrari во 2013
27.12.2011

Дека Ferrari планира по наредната сезона да ја прекине соработката со Фелипе Маса, „меѓу редови“ потврди и Лука ди Монтеземоло, кој на површина исфрли неколку имиња како Роберт Кубица...

ferrari-logo-bolid-1-2011-1

или Нико Розберг, во кого гледа потенцијални заменици на Бразилецо покрај Фернандо Алонсо.

Маса има важечки договор со тимот од Маранело уште за наредната сезона, а веќе неколку пати претседателот на Ferrari најави дека 2012 ќе биде круцијална за Бразилецот, советувајќи го да се покаже во старата препознатлива форма. Но според последната изјава на Монтеземоло, можно е по завршувањето на 2012 да има промени во возачката двојка, нешто на што не ни помислуваат во овој период.

„На крајот од наредната сезона ќе имаме многу опции и можности.“ - објасни Монтеземоло. „Постои голем избор на пазарот. Денес, она со што немаме проблем е возачката двојка.“

Како потенцијали тимски колеги на Фернандо Алонсо за две години, претседателот на Ferrari ги посочи Кубица и Розберг, кои се возачи што му се допаѓале на Италијанецот.

„Ќе видиме што ќе биде со Роберт Кубица и дали ќе може да се врати повторно во Ф1 во препознатливото светло. Но мене исто така многу ми се допадна и Нико Розберг изминатата сезона, кој имаше одличен перформанс.“

„Како и да е, постојат и многу други возачи кои немаат можност да настапуваат со конкурентен болид, па поради тоа јас инсистирам на трет болид.“ - заврши Монтеземоло.

Превзмено од: pitstop.com.mk!

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook