Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Кубица се раздели со Д-р Чекарели?
20.12.2011

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Кубица ја прекинал соработката околу неговата рехабилитација и враќање во Ф1 со докторот кој беше заедно со него уште од излетувањето...

kubica-1-2011-1

на Пољакот на релито во Италија.

Иако истите не се потврдени, италијанските медиуми се повикуваат на инсајдерски информации од спортската болница на докторот Чекарели во Виареџо. Сепак, доколку се испостави како вистина, истото би било големо изненадување бидејќи Ф1 возачот и италијанскиот доктор се пријатели уште од 2003 година.

Наводно, несогласувањата помеѓу нив двајца се појавиле поради желбата на Кубица што побрзо да се врати во Ф1, додека докторот го советувал и инсистирал на побавна рехабилитација, која во иднина нема да вроди нови компликации.

Претходно беше потврдено дека Кубица нема да биде фит за стартот на новата сезона и поради тоа Lotus го ангажираше Раиконен и Грожан како поддршка, додека Ерик Булие потврди дека ситуацијата со Кубица е на „статус кво“ позиција. Исто така, менаџерот на Кубица додаде дека доколку Lotus не смета на неговиот клиен за наредната сезона, договорот за 2012 автоматски се поништува, со што Пољакот би станал слободен возач.

Од таму произлегоа и последните шпекулации според кои Кубица оваа пролет ќе тестира во болидот на Ferrari од изминатите сезони. Доколку тестовите покажат дека не ја изгубил брзината, Италијанците би можеле да го ангажираат во 2013 на местото на Маса, за кого се поверојатно е дека наредната сезона ќе биде и последна во црвениот болид.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook