|
Тимот на Renault потврди дека тие ќе продолжат да го користат името „Lotus Renault“ и црно-златната боја на болидот и за наредната сезона. Претседателот на Group Lotus, Дани Бахар, се сретнал...

со новинарите каде што открил дека е можно Тони Фернандез и неговиот Lotus да направат обиди за купување на Lotus Renault во иднина.
„Нашето официјално име е Lotus Renault GP и во моментов немаме притисок за промена. Иако поголем дел од фановите и новинарите „Lotus“ го нарекуваат болидот на Тони Фернандез.“ - изјави Дани Бахар за Reuters.
Бахар додаде дека е задоволен од моменталното име на неговиот тим.
„Ако се одлучиме на спонзорство со Renault на подолг временски период, тогаш би се соочиле со проблем. Во моментов, не размислуваме за тоа, и прашањето останува затворено до 2013 година.“
Бахар ја спомнува 2013 година затоа што според конкорд договорот кој го потпишаа тимовите, името на секој тим треба да биде признаено од останатите тимови. Тимот кој што треба да го одобри името на Renault е и тимот на Тони Фернандез.
Неодамнешниот судски спор му дозволи на Фернандез да го користи името Lotus, а Lotus Renault доби дозвола за користење на црно-златната комбинација на болидот.
„Таа е одлична комбинација, а фановите имаат добро мислење за неа. Не гледам причина зошто би ја промениле.“ - заврши Бахар.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|