Get Adobe Flash player
Луис Хамилтон е откритие на годината
21.02.2008
louis-hamilton-podium-1.jpgЗаврши изборот на престижната награда Светски спортист на годината. На манифестацијата која се одржува во Санкт Петерсбург со лауреал се закити само младиот Луис Хамилтон.

Единствениот од светот на мотоспортот што доби награда. Хамилтон беше прогласен за Откритие на годината, додека Кими Раиконен кого го номинраа за Светски спортист на годината не доби ништо.

Наградата Светски спортист на годината ја доби тенисерот Роже Федерер. Голферот Тајгер Вудс кој беше номиниран исто така не доби ништо. Воедно Раиконен и Вудс ниту не присуствуваа на доделувањето на наградите, додека Хамилтон ја прими наградата во живо.

Со куси ракави остана и тимот на Ferrari во Формула 1 кој беше номиниран за наградата Тим на годината. Оваа награда отиде во рацете на рaгби тимот на Јужна Африка.

 

 

 

Facebook