Get Adobe Flash player
Луис Хамилтон остана без возачка
20.12.2007
hamilton-indianapolis-2007.jpgФранцуската полиција му ја одзеде возачката дозвола на Луис Хамилтон. Младиот возач на McLaren бил фатен на радар на автопатoт А26 во Франција кој ги поврзува градовите Калаи и Реим.

Максималната брзина што ја измериле полицајците била 196 km/h, а 22 годишниот Хамилтон се наоѓал зад воланот на Mercedes CLK.

За прекршокот на Хамилтон му е од земена возачката дозвола на период од еден месец, плус дополнително е казнет со парична казна во износ од 600 евра.

Исто така му бил одземен и автомобилот, но културните полицајци го префрлиле Хамилтон до неговиот хотел.

 

 

 

Facebook