Обложувачниците Paddy Power, нудат целосно
враќање на парите на секој обложувач кој смета дека е измамен по давањето тимски наредби во McLaren на трката за Големата награда на
Монако.
Овој потег ќе го чини најголемиот ланец на обложувачници
во Ирска околу 100.000 долари.
Откако FIA почна истрага околу спречувањето на Хамилтон да го
напаѓа тимскиот другар, Paddy Power се загрижи дека случката ги разлутила
оние што се обложиле за дебитантот од Британија со своите тешко заработени пари
без да знаат за забраната за напад во Mclaren.
„Постои не пишано правило во обложувањето: ако
неможеш да победиш, неможеш ниту да изгубиш,” изјави претставникот на
обложувачницата. „Затоа ние ќе им ги вратиме парите на нашите клиенти.”
Друг ланец на обложувачници во Британија William
Hill, го суспендираше обложувањето за исходот на светскиот шампион меѓу возачите
откако FIA ја лансираше истрагата.
Одговорниот за медиуми Грем Шарпи потврди дека
обложивачницата ќе им исплати пари единствено на оние што коректно ја
предвиделе победата на Алонсо.
Шарпи истакна дека обложувачите ги прифаќаат тимските
наредби. Без оглед дали се легални или не тие се дел од Формула 1.
„Без разлика дали тимот признава или не, сите ние сме
свесни дека секогаш ќе има ситуации каде резултатот може да биде креиран во
зависност од потребите на тимот,” додава Шарпи.
|