|
25.06.2007 |
Инженерот во Ferrari, Најџел Степни го
прекрати молкот и изјави дека е жртва на заговор. Ветеранот во Ф1 кој е предмет
на истрага за саботажа ужива во годишниот одмор на Филипините.
Според однесувањето Степни воопшто не се сокрива од
властите како што е пријавено. „Сега сум на планиран одмор со мојата вереница
Еш и нашата ќерка,” изјави релаксирано Степни. „Зошто некој би изјавил дека
неможе да стапи во контакт со мене? Ги закажав летовите преку туристичката
агенција на Ferrari. Тие знаат каде се наоѓам.”
Полицијата во негово отсуство извршила претрес на
неговата куќа во која е најдена мала кутија каде наводно лежи загатката за
прашокот најден во резервоарот на Маса.
„Тоа се само нивни трикови бидејќи сакаат да ме отстранат.
Сигурен сум дека судот ќе ме ослободи бидејќи немам ништо со наводните тврдења
за заговор,” смирено говори 47 годишниот инженер.
Неговиот адвокат исто така е убеден во ослободителна
пресуда. „Ми звучи неверојатно дека професионалец од калибар на Степни кој при
тоа заработува повеќе од 1 милион долари годишно би се спуштил толку ниско да
се продава за пари и да го уништи сопствениот тим.”
|