Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Маса не ја разбира казната
02.11.2011

Фелипе Маса беше најрасположениот за разговор по трката во Индија, поминувајќи речиси 90 минути во прес делот на патеката. Според него, казната која што ја добил по инцидентот...

massa-lut-1-2011-1

со Хамилтон е неразбирлива, правдајќи се дека станувало збор за чист тркачки инцидент.

Двојката повторно беше во центарот на вниманието, откако кај свиокот број 5 во 24 круг повторно се судрија. За прв пат оваа сезона, Маса беше оној кој што заработи казна од стујардите, а не Хамилтон, но Бразилецот не разбира зошто ја добил казната.

„Јас немам ништо против Хамилтон, тоа е се,“ - образложи Маса. „Ако го видам, ќе му го кажам истото што ви го кажувам сега на вас. Јас не разбирам зошто ја добив казната. Сопрев подоцна, но бев пред него, а јас не видов дека тој се наоѓа на мојата лева страна. Тој беше оној кој беше позади и ме удри во задното тркало.“

„Без разлика дали беше Луис или некој трет, јас исто ќе реагирав.“

Неговата изјава околу нездогледувањето на Хамилтон наликува многу на изјавата на Британецот по трката во Јапонија, кој тогаш истакна дека поради вибрациите во ретровизорите не го здогледал Маса.

„Знаев дека тој се наоѓа на таа страна, но не мислев дека е толку блиску на свиокот. Зошто јас би бил тој што би требал да го пропушти кога бев пред него?“ - запраша возачот на Ferrari. „Тој беше на валканата страна од патека, се судри во мене и тоа е тоа. Да бевме во ситуација тркало до тркало, тогаш немаше толку нагло да го променам правецот.“

„Сите инциденти кои што ги имав со Хамилтон се само мали судари, па поради тоа не гледам ситуација на реваншизам меѓу нас.“ - заврши 30 годишниот возач.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook