|
По најавите кои што произлегоа од германските медиуми дека McLaren во 2014 ќе ги откаже Mercedes моторите и ќе ги замени со оние на Honda, денес стигна демант од Џонатан Нил, директор...

во тимот од Вокинг.
Осамостојувањето на Mercedes како тим предизвика многу најави за престанок на соработката помеѓу McLaren и Mercedes-Benz како добавувач на мотори за тимот. Според шпекулациите на германските медиуми, заклучно со започнувањето на ерата на нисколитражните турбо мотори во Ф1, британскиот тим планира промена на моторите под поклопецот, насочувајќи се кон нивниот поранешен партнер со кого испишаа голем дел од сопствената, но и историјата на Ф1.
Сепак, денес истите беа демантирани од Џонатан Нил, кој додаде дека тимот ќе продолжи на долгорочен план да соработува со германскиот производител.
„Тоа се се шпекулации и немам сеуште информации од каде излегоа истите,“ - прокоментира Британецот. „Ние сме среќни од соработката со Mercedes-Benz и ја користам оваа прилика да ги отфрлам таквите шпекулации кои пред некој ден ги слушнавме. Нашата соработка со нив ни донесе многу победи и шампионски титули и не гледаме причина зошто да ја прекинеме.“
Нил исто така се осврна и на соработката со Mercedes единствено како добавувач на мотори, додавајќи дека прераснувањето на германскиот гигант во нивен конкурент во Ф1 нема да ги наруши деловните односи.
„Не мислам дека тоа треба да не загрижува, бидејќи она што не засега од соработката со Mercedes е добивањето на мотори и одржувањето на константен добавувач на долгорочна основа. Утрово зборував со Томас Кер од Mercedes-Benz и ми беше ставено на знаење дека желбата за соработка и во иднина постои и од таа страна,“ - објасни Нил. „Тие се задоволни од нашите перформанси, а последната трка беше дополнителна причина за задоволство во Mercedes, бидејќи во последниот дел од квалификациите се најдоа шест од десет болиди со Mercedes мотори.“
„Тие се многу одговорен технички партнер и уживаме една многу искрена и фер соработка со нив.“ - заврши директорот во McLaren.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|