|
Соработката од славното минато повторно ќе оживее? Според германскиот „Ауто мотор унд спорт“, McLaren планира да ги замени Mercedes со Honda моторите од 2014, кога ќе започне V6 турбо ерата во Ф1.

Во моментот, на сила сеуште е „слободниот“ договор помеѓу McLaren и Mercedes, каде што германскиот произведувач му добавува агрегати на британскиот тим без никаков надоместок. Сепак, истиот истекува наредната сезона, со можност Германците да доставуваат мотори се до 2015, а McLaren за тоа треба да плати приближно осум милиони евра.
Но пречката за продолжување на соработката се чини дека е осамостојувањето на Mercedes како тим во Ф1, а токму поради тоа во McLaren се бара нова алтернатива. Според „Ауто мотор унд спорт“, McLaren својот поглед го насочиле кон нивниот поранешен партнер - Honda, со кого испишаа златни букви во историјата на Ф1 во периодот од 1988 до 1992. Во тие четири години, McLaren освои четири возачки титули заедно со јапонскиот производител на автомобили.
Германскиот медиум најавува дека заинтересираност постои не само од британска страна, туку и од јапонска, а најавеното враќање во Ф1 треба да добие само зелено светло од управниот одбор.
Honda се повлече од Ф1 по сезоната 2008, а нивната претходна работа ја искорсти Рос Браун кој го превзема тимот и веќе наредната сезона ги освои двете титули. Токму нивниот „потомок“, денес е тимот на Mercedes во Ф1.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|