Get Adobe Flash player
McLaren инволвиран во шпијунирањето во Ferrari
05.07.2007
monaco-gpСкандалот со индустриската шпијунажа во кој е инволвиран инженерот на Ferrari, Најџел Степни се продлабочи кога McLaren објави дека е вмешан еден член на нивната техничката екипа.

McLaren не го даде неговото име, но се шпекулира дека станува збор за 48 годишниот главен конструктор Мајк Куглан, кој е суспендиран поради добивање на технички информации од својот сонародник Степни.

Во McLaren објавија дека целосно ќе соработуваат со Ferrari и со италијанската полиција за време на истрагата. По тој повод шефот за односи со јавност на McLaren ја даде следнава изјава: „Тимот дозна дека ова лице – се мисли на Куглан – добило пакет со технички информации од вработен во Ferrari кон крајот на април.”

Техничкиот шеф од Mercedes, Норберт Хауг одби да коментира, но гласноговорникот на Ferrari обзнани дека веќе имаат доказ дека Степни давал технички информации на вработен во McLaren и дека доказот е најден во домот на тој вработен – односно Куглан.”

Во моментов Степни и Куглан се недостапни за јавноста но познато е дека се пријатели кои се знаат 17 години и кои заедно работеле во тимот на Benetton, а подоцна во поранешната техничка база на Ferrari во Суреј, Велика Британија.

Познато е дека Куглан сеуште живее во Суреј каде полицијата изврши претрес на неговиот дом неделава и очигледно најде инкриминирачки докази за индустриска шпијунажа.

 

 

 

Facebook