|
09.01.2008 |
Совршен роденденски подарок за Луис Хамилтон. По
„непристојната” понуда од 138 милиони долари за 5 години верност, токму на
денот кога е роден, McLaren одлучи да го претстави болидот за 2008.
Бројот од името на новиот автомобил МР4-23 се поклопува
со годините на Хамилтон, а беше претставен во музејот на Mercedes
во Штутгарт. Според зборовите на одговорните во Вокинг, болидот бил завршен
доцна во ноќта на 6 јануари и бил префрлен во 1.000 километри оддалечената
претсотлнина на Mercedes.
Годинечниот болид на McLren-Mercedes беше
откриен од извршниот директор на Mercedes, Дитер Цетче, a на гала
отворањето покрај останатите високи чиновници и претставниците на медиумите беа
поканети и 700 работници од фабриката во Штутгарт.
McLaren MP4-23 веќе се наоѓа на пат кон
тркачката патека во Херез, на југот од Шпанија каде треба да започнат првите
тестирања годинава. А Хамилтон, Ковалаинен и Де ла Роса ќе бидат тие што први
ќе ги дадат оценките за работата на одделот за развој и дизајн на McLaren.
|