Get Adobe Flash player
McLaren ослободен за местење трки
31.05.2007
alonsocelПо истрагата што ја спроведе FIA дали McLaren користел нелегални наредби за време на трката за Големата награда на Монако, тимот беше ослободен од обвинение.

Управувачкото тело на Формула 1 почна истрага по изјавата на Рон Денис на крајот од трката во Монте Карло во која призна дека за исходот од трката се знаело помалку или повеќе однапред.

Фановите беа ускратени за еден финиш во кој гуштерот Хамилтон можеше да се закити со победа додека го бркаше Алонсо пред крајот на трката. Но, набрзо Алонсо и Хамилтон се смирија и минаа низ целта со 1-2 победа за Mclaren.

Во своја одбрана McLaren обзнани дека стратегијата на Хамилтон била со едно застанување во бокс пред да почне трката. Поради што ќе профитираше доколку на патеката излезече Safety-Car – како што тоа беше случај со последните пет трки за ГН на Монако.

Кога стана јасно дека Safety-Car нема да биде употребен бидејќи немаше инциденти, McLaren го повика Хамилтон по втор пат во бокс поради дополнување на гориво и менување на гуми. Потег што е гаранција за освојување на второ место.

Поради ова FIA утврди дека постапките на тимот се легитимни и разбирливи, но ова не остава во недоумица дали некогаш ќе успееме да ги видиме највозбудливите возачи во Формула 1 како се борат тркало до тркало во идентични автомобили.

 

 

 

Facebook