Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Медиумите не му веруваат на Фетел
07.12.2011

Медиумите во Европа шпекулираат дека на трката во Бразил бевме сведоци на најдобро прикриената тимска наредба досега во Ф1, откако Фетел пријави проблеми со менувачот, а Вебер...

webber-vettel-pretek-1-2011-1

успеа да го претекне својот тимски колега и да стигне до победата.

Сомнежите беа уште поголеми откако Германецот не само што не беше побавен од останатите кои беа зад него, туку беше и по половина секунда побрз од Алонсо, кој во тоа време беше трет. Иако тимот ги демантираше шпекулациите кои излегоа непосредно по трката, сомнежите остана, а со истите се согласија и голем број на респектирани медиуми низ Европа.

„Вебер ја доби наградата поради својата лојалност,“ - гласеше насловот на „Ла Газета дело спорт“. И нивните колеги од „Кориере дела сера“ се сложија со истото, кои дури беа далеку поиронични, опишувајќи ја целата ситуација: „Фетел му подаде неколку трошки на Вебер, а веројатно истите го спасија Австралијанецот од посета на психолог по завршувањето на сезоната.“

„Диарио Спорт“ додаде: „Никој не поверува во фантомските проблеми на Фетел со менувачот“.

Во одбрана на Фетел излезе австрискиот „Дер Стандард“, кој објасни дека прикриената тимска наредба во Red Bull била логична, бидејќи Вебер имал математички шанси за второто место.

На сметка на своите колеги од Red Bull се пошегува и Доменикали, кој има далеку поголемо искуство со тимските наредби.

„Можеби тие заборавија дека оваа сезона тимските наредби се легализирани.“

Алонсо исто така даде коментар околу тимската наредба во Red Bull викендов и потсети на реакцијата на Австријците по трката во Германија минатата сезона.

Единствено, потврда за „проблемот“ на Фетел стигна од германскиот „Ауто мотор унд спорт“, кој пренесе дека по трката, Германецот се упатил кон гаражата лично да се увери за проблемот, а по вадењето на менувачката кутија, било утврдено дека внатре немало масло.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook