Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Менаџерите на Раиконен биле во Абу Даби
16.11.2011

Од најавата за официјализирање на договорот помеѓу Финецот и Williams не произлезе ништо викендов, но во Абу Даби во таборот на британскиот тим биле видени браќата Робертсон, кои се...

raikkonen-robertson-1-2011-1

менаџери на шампионот од 2007.

Според најавите на финските медиуми, Кими Раиконен е чекор поблиску до потпишување на договор со Williams и враќање во друштвото каде што стигна до осумнаесет победи. Финскиот „Саномат“ известува дека Стив и Дејвид Робертсон цел Ф1 викенд биле постојано присутни во таборот на Williams, договорајќи ги последните детали околу договорот помеѓу тимот на Сер Френк Вилијамс и нивниот агент.

Дека договорот е на повидок, говори и изјавата на Сер Френк Вилијамс, кој изрази интерес за ангажирање на Раиконен во својот тим.

„Секој сака да слушне нешто интересно, но јас би кажал дека постои можност Раиконен да дојде во нашиот тим,“ - истакна сопственикот на тимот.

Исто така, Патрик Хед, ко-сопственикот на Williams додаде дека интересот кој што тимот го има за ангажирање на Финецот не е нешто ново во Ф1 светот.

„Ние се интересиравме за Кими уште на времето кога тој возеше во Sauber. Тогаш побаравме од нашиот партнер BMW да достави понуда за него, но тие мислеа дека станува збор за прескап возач.“ - истакна Хед.

Дали деновите до официјализирањето на договорот меѓу Раиконен и славниот британски тим се веќе избројани?

Превземено од: pitstop.com.mk!

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook