Get Adobe Flash player
Mercedes го купува McLaren
18.01.2008
mclaren-f1-car-2007-1.jpgИ тоа се случи. Mercedes конечно одлучи да купи поголем дел од акциите на McLaren Group со што во целост ќе ја превзеде контролата над тимот во Формула 1 во 2008.

Гласините што провеаја уште во октомври минатата година, дека Mercedes има намера да го превзеде тимот од Рон Денис се остварија. Воедно во Mercedes сакаат да ја превземат контролата над тимот пред стартот на годинешната сезона. Тогаш се очекува и официјалната потврда за превземањето и детали од договорот.

Во McLaren сеуште молчат околу ново настанатата состојба, единствено потврдуваат дека Mercedes поседува 40 проценти од акциите купени уште во 1999, кои тогаш го чинеа гигантот од Штудгарт точно 400 милиони долари.

 

 

 

Facebook