|
Наредната сезона е последната за Шумахер во Mercedes според договорот кој беше потпишан пред почетокот на ланската, но Норберт Хауг денес најави дека германскиот тим го посакува...

Шумахер уште многу години во тимот.
2012 ќе биде трета сезона на Шумахер во тимот на Mercedes, откако Германците го купија претходниот Brawn GP. Иако по двојната круна на својот претходник Mercedes не успеа да направи ништо, дури ни победа барем на една трка, Норберт Хауг убедува дека процесот на искачување до врвот на Ф1 е долг и за тоа е потребен тим кој ќе работи на долгорочни планови.
„Продолжуваме да го развиваме нашиот Ф1 тим, а искуството кое го стекнуваме не носи чекор по чекор до врвот,“ - објасни Германецот. „Како моментална четврта сила во Ф1, целиме на третата позиција, па потоа на втората и на крајот на шампионското место.“
„Таквата цел може да биде постигната само со напорна работа во текот на годините. За пример земете ги Red Bull на кои им беше потребно пет години за да стигнат во првата шампионска титула.“
Запрашан за возачкото дуо на германскиот тим, пред се дали Шумахер ги испорачува очекуваните резултати, мотоспорт директорот на компанијата од Штудгарт одговори: „Ние сме задоволни од нашите возачи и убедени сме дека доколку им дадеме победнички болид, еден од нив ќе биде шампион.“
„Шумахер е мотиварот на крајот на нештата. Тој има зацртано цел од Mercedes да направи шампионски тим, исто како што тоа го направи со Ferrari, но не заборавајте дека дури и во Маранело му беа потребни пет години за да стигне до шампионската титула.“
„Тој сеуште е оној Шумахер кој го поседува потребниот жар за успех.“ - заврши Хауг.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|