Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Mercedes по „тест стапките“ на McLaren
07.12.2011

Доколку сите беа изненадени од дебито на MP4-26 на вторите тестови оваа сезона, се чини дека подоцнежната промоција на болидот ќе биде искористена наредната сезона од повеќе тимови,...

mercedes-nos-1-2011-1

како еден од адутите за криење на картите пред почетокот на тестирањата. По теркот на McLaren од минатата сезона кој што можеби ќе тргне по истиот пат и оваа сезона, и Mercedes ќе го промовира новиот болид на вторите тестирања.

Германците на својата официјална веб страница денес соопштија дека дебито на болидот нема да биде на првите тренинзи, туку истото ќе го сторат на оние кои што следуваат. Патеката крај Барселона ќе биде првата на која W03 ќе ги направи првите километри, додека првите тестирања во Херез ќе бидат реализирани со болидот од оваа сезона.

„Веруваме дека дебитирањето на болидот на вторите тестови наредната сезона е оптимален тајминг, бидејќи токму тој период е најпогодниот земајќи ја во предвид нашата развојна програма.“ - истакна Рос Браун.

Оваа вест дојде заедно со онаа дека Mercedes на својот назив на тимот во Ф1 ја додава и додавката AMG, називот на сестринската тјунинг компанија.

„Среќни сме што можеме да соопштиме дека од наредната сезона ќе настапиме под модифициран назив на нашиот тим, односно Mercedes AMG Petronas.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook